Мицкоски: Разговорите за ресорите во Владата продолжуваат во рамките на коалицијата
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска истакна дека преговорите за утврдување на ресорите што ќе ги преземе коалицијата ВЛЕН продолжуваат во рамките на владејачката коалиција, во контекст на најавената реконструкција на Владата.
„Ние во овој момент сме фокусирани на организирање на партискиот конгрес кој треба да се одржи на 6 декември во Кавадарци“, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања при поставувањето камен-темелник за изградба на нова детска градинка во Општина Гази Баба.
На прашањето дали ќе има промени во ресорите што ги водат кадри на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски повтори дека главниот фокус на партијата е кон организација на конгресот, но дека паралелно се размислува и за можни кадровски промени доколку има потреба.
Во однос на изборот на Народен правобранител, премиерот изрази очекување дека процесот ќе продолжи наскоро. „Очекувам тоа да се случи во брзо време имајќи предвид дека локалните избори завршија“, додаде тој.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајковски, потврди дека преговорите со коалициските партнери се во почетна фаза и дека ќе продолжат во наредниот период. Тој посочи дека премиерот за тоа го информирал Извршниот комитет на партијата на последната седница.
Иако пред изборите Мицкоски најави реконструкција на владата веднаш по нивното одржување, денешната негова изјава укажува дека тоа нема да се случи наскоро.
Она што засега е извесно е дека ќе има нови лица на позицијата прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, откако Изет Меџити стана градоначалник на Чаир. На местото на Меџити коалицијата ВЛЕН го предлага Беким Сали, а за министерската функција во животна средина и просторно планирање ќе биде предложен друг кандидат.
Мицкоски потврди дека Беким Сали ќе биде нов прв вицепремиер во Владата на местото на Меџити, но негира дека ВЛЕН ќе добие уште едно министерско место.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Разговорите за ресорите во Владата продолжуваат…
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,…
Со тврд предмет и го скршил черепот,…
Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за…
Власта нема изговори за одлагање надзорна расправа…
Според неа, надзорна расправа за Кочани мора…
Филипче: Власта врши притисок врз судството
Претседателот на СДСМ и на Националниот совет…
Полскиот премиер се огласи по експлозијата: “Ова…
Полскиот премиер Доналд Туск потврди дека експлозија…