Мицкоски си легна на брашното: Ќе оди на лидерска ама замолува да биде подоцна во денот затоа што имал закажано часови

t

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе ја прифати поканата на премиерот Димитар Ковачевски за учество на лидерска средба в понеделник, но бидејќи за состанокот дознал од медиумите замолува средбата да биде по 11 часот, зашто Мицкоски веќе има закажано часови со студентите од машинскиот факултет, брифираат од опозициската партија.

-Од медиумите дознавме дека премиерот Ковачевски закажува лидерска средба за понеделник поврзана со изборите. Таквата комуникација преку медиуми за вака важни прашања е негов избор. Лидерска средба е секако прифатлива за во понеделник, на која очекуваме да се разговара конечно за прецизирање на датум за избори, прифаќање на забелешките на ОБСЕ/ОДИХР, како и понудата за укинување на техничка влада, во замена за тоа да нема технички оремиер од ДУИ. Воедно бидејќи се одлучи за комуникација преку медиуми, замолуваме средбата да биде после 11 часот во понеделник бидејќи претседателот на ВМРО ДПМНЕ има часови со студенти на Машинскиот факултет каде работи како редовен професор – брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски синоќа најави дека денеска ќе изпрати покани за лидерска средба до сите претседатели на парламентарните партии, како и до претседателот на Собранието. Премиерот средбата ја планира за в понеделник, а теми за разговор ќе бидат одржување на редовните претседателски и парламентарни избори, како и за измените на Изборниот законик согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР.

Лидерска средба за договор за изборите закажа премиерот Димитар Ковачевски за в понеделник, 4 декември. На лидерската треба да учествуваат претставници на сите парламентарни политички партии и претседателот на Парламентот Талат Џафери. Ковачевски ја најави лидерската на заедничката – прес конференција на 29 ноември со шефот за надворешна политика на Европската унија, Жозеп Борел, кој е во Скопје. Покрај изборите Ковачевски дефакто најави разговор за уставните измени.

„Ќе се разговара за евроатланските интеграции на земјата, за одржување на редовни претседателски и парламентарни избори и за измените на Изборниот законик“, изјави премиерот Димитар Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Наместо економски бум, Македонија тресна на…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва укажа…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Евакуирани дел од американските дипломати во Израел

Двајца американски претставници велат дека владин авион…

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…

Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…

Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…