Мицкоски со решение за затоплување на Скопје
Скопјани се смрзнуваа во текот на викендот, радијаторите беа ладни, а таму каде има можност се користат топлинските пумпи (клима уредите) или електричните греалки и дополнително се оптоварува електро-енергетскиот систем.
Зошто ова се случува? Затоа што ТЕ-ТО произведува топлина кога произведува струја (когенерација-така е поисплатливо) или да бидам попрецизен ТЕ-ТО си склучил договор за jануари да продава пик профил од понеделник до петок, а во петок навeчер до понеделник наутро не работи бидејќи нема економска исплатливост да произведува само топлина за БЕГ.
Како да се надмине сето ова, да има топли радијатори и да има струја? Распишете веднаш тендер ЕЛЕМ (ЕСМ продажба) за набавка на струја (и така ви недостасува, па крадете наоколу) во периодите од денот кога ТЕ-ТО не работи со флексибилност од 0 до 200MW, намалете со трошење на увозен и скап јаглен и намалете со трошење на хидроакомулациите, ШТЕДЕТЕ, ќе ви треба, ќе биде долга и напорна (енергетски) година. Така ќе имаат скопјани топли радијатори, ЕЛЕМ (ЕСМ) ќе штеди ресурс и ќе има струја (која нема скапо МЕПСО да ја плаќа како крадената од околните држави)!, напиша на својот фејсбук профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Бајден повика на смиренот во американската нација:…
Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…