Мицкоски чувствувал мачнина по условната пресуда за онкологија
Чувствувам мачнина кога обвинители и судии ќе донесат таква одлука како што донесоа вчера за случајот Онкологија, а тие реагираат затоа што доцниме со реформски закони со кои треба да им се зголеми платата за и така ниските 2% доверба која ја имаат. Вака премиерот Мицкоски денеска ја коментираше вчерашната одлука на судот со која и одреди 2 години условна казна на докторката Мери Пешевска доколку во рок од 5 години не стори ново кривично дело.
Сепак премиерот денеска дециден со обвинувања на адреса на судиите и обвинителите дека и платата која што сега ја земаат не ја заслужуваат. Од обвинителството денеска пак во краткиот допис до медиумите велат дека уште не ја добиле пресудата за да донесат одлука што понатаму и дали истата ќе ја обжалат во делот на висината на казната.
ОЈО
– Признанието на вина и осудителна пресуда изречена за една од обвинетите во предметот Онкологија е потврда за основаноста на наводите во обвинителството поднесено од ОЈО – Скопје. Висината на санкцијата за сторено кривично дело ја одредува Судот , а обвинителството се уште не ја добило пресудата и обраложението за изречената казна. По приемот јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе вложи жалба во однос на висината на санкцијата.
По пресудата за раздвоена постапка по признанието на вина за случајот Онкологија но и по низата реакции во јавноста од Основниот кривичен суд денеска само кратко велат дека со зголемено внимание пратат се што е поврзано со овој случај.
Со реакција се јавија и од здружението на судии.
Здружение на судии
– Во овој случај, иако како судство сме прозвани за донесената неправосилна пресуда за предметот познат како „ Онкологија“ Здружението на судии на РСМ, ќе ги почитува правните стандарди и нема да даде свој коментар. По однос “вечната тема” платите на судиите во земјава, Здружението на судии јавно ќе ги обелодени фактите кои се проверливи и достапни за јавноста, а тоа е дека платите на најголем број на судии во Основните судови во РСМ, со фамозното „зголемување“ од 78 проценти, достигнува до 86.000 денари, а примањата на судските службеници се исклучително ниски и под просечната плата во РСМ. Ваквите плати на судиите и секако судските службеници се апсолутно најниските во регионот и пошироко!
И од Здружението на обвинители со став
Здружение на обвинители
– Споредбено со сите земји во регионот, а и пошироко земјата се наоаѓа на дното во однос на буџетските издвојувања за оваа намена. Јавните обвинители и јавнообвинителските службеници имаат најниски плати во споредба со останатите земји од регионот, а бројот на обвинители и на јавнообвинителската служба е далеку под европскиот просек.
Инако во врска со случајот Онкологија – Пешевска заедно со поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев и уште двајца други онколози беше обвинета за несовесно лекување пациенти.
Според обвинението, на нив им се ставаат на товар кривичните дека „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски чувствувал мачнина по условната пресуда за…
Чувствувам мачнина кога обвинители и судии ќе…
Калас: Признавањето на Палестина нема да ја…
Подобрувањето на хуманитарната ситуација на Газа на…
Тошковски: Корупција има и во редовите на…
На научната конференција во организација на Факултетот…
Рубио: Апсурдно е САД да воведуваат санкции…
САД го сметаат сценариото во кое Европа…
Разбиена европска мрежа за измами со криптовалути
Европските власти разбија долгогодишна шема за измама…