Мицкоски ја избегна блокадата од синдикалците, дојде порано и пеш на работа
Синдикалците денеска на протестот пред Владата не успеаја да го блокираат премиерот Христијан Мицкоски, односно да го натераат пешки да дојде на работа. Премиерот на работа дојде нешто пред да почне блокадата на булеварот „Илинден“, каде што е сместен објектот на Владата, па слободно „се прошета“.
Она што им падна во очи на присутните е тоа што премиерот влезе во зградата на Владата на главниот влез, а не преку гаражата. Можеби на овој начин сакаше да упати и порака до синдикатот.
Инаку, ССМ денеска огранизираше блокада на Владата, една од трите по сличните собири пред Собранието и Стопанската комора, со цел да упати порака и да побара зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите други плати по 6 илјади денари.
Извор: Независен
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ја избегна блокадата од синдикалците, дојде…
Синдикалците денеска на протестот пред Владата не…
Бугарија достави писмо до Советот на Европа…
До Советот на Европа е доставено писмено…
Вчера уапсени 8 возачи поради возење без…
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници…
Канада официјално се приклучи на програмата на…
Министерот за одбрана Дејвид Мекгинти вели дека…
Костадиновски: „Сејф сити“ го смени однесувањето на…
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, во…