Мицкоски ќе чека докази за да го разреши Дранго
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека заменик-директорот на „Македонија пат“, Дранго, ќе биде разрешен ако се потврдат обвинувањата дека ја убил мечката со која беше фотографиран. Мицкоски истакна дека ако се докажат ваквите тврдења, ќе побара одговорност и нема да дозволи амнестија за девијантно однесување.
„Ако се потврдат овие тврдења, ќе биде разрешен. Тоа се девијантни однесувања кои нема да ги амнестирам“, рече Мицкоски.
Случајот беше покренат од страна на здружението за заштита на животните „Анима Мунди“, која објави фотографија на која директорот е снимен со пушка покрај мртвото животно. Дранго, пак, ја негираше вината и изјави дека мечката настрадала во сообраќајна несреќа, за што постои записник, бидејќи бил присутен како вработен во „Македонија пат“. Сепак во билтенот на МВР нема таква пријава и никаде не е регистрирано загинување на овој редок вид на мечка.
Во меѓувреме, битолското обвинителство започна истрага за случајот и ќе продолжи со постапката по добивањето на сите потребни информации.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски ќе чека докази за да го…
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека заменик-директорот на…
Трамп: Кога Канада би се споила со…
Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се огласи…
Шолц: Трансатлантските односи ќе продолжат да бидат…
Во интервју за магазинот „Штерн“, објавено денеска,…
Сиљановска-Давкова: Ниту сум имала намера, ниту ќе…
Ниту сум имала намера, ниту некогаш ќе…
(Видео) „Во ред е, не касам!“: Сопругот…
Американскиот Конгрес вчера официјално ги потврди резултатите…