Мицкоски oд плажа во Хрватска: Слава за хероите од Карпалак, нивното дело и пожртвуваност се памети

t

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело и пожртвуваност се памети, нивната храброст и одлучност се почитува, објави на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски по повод годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Карпалак во конфликот од 2001 година.

-Нека нивната жртва биде аманет за идните генерации, дека слободата, мирот и достоинството се свети. Карпалак го паметиме како наша обврска, да изградиме држава во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди, и каде слободата на нашата татковина е неприкосновена.
Македонија никогаш нема да ве заборави! Карпалак е рана, но и аманет, напиша Мицкоски.

На 8 август во 2001 година кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово, армискиот конвој беше нападнат од заседа. Животот го загубија десет резервисти на Армијата: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски oд плажа во Хрватска: Слава за…

Слава за хероите од Карпалак. Нивното дело…

Клиниките за Кардиологија и Неврологија добија нови…

Даница Петкоска Спирова и Игор Кузмановски се…

Македонка се удави во Грција

75-годишна македонска државјанка се удави на плажата…

Инфлацијата забрзува – има ли лек за…

Цените на храната веќе не ја подгреваат…

Убиецот на мајка си во Штип бил…

53-годишниот С.З. кој синоќа ја убил својата…