Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки

t

Како што разговаравме на вонредниот Европски совет во четвртокот, Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на своите земји-членки, како во случајот со Данска и Гренланд, напиша грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во традиционалната неделна објава на Фејсбук.

Нагласи дека паралелно мора да се одржува рамка на разбирање и функционални канали на соработка со САД, како што напиша, дури и во периоди на тензии, при што јасно се утврдуваат црвените линии.

-Грција, како членка на Европската Унија со стратешки односи со САД, работи за решенија што ја зајакнуваат мултилатералноста, безбедноста и стабилноста. Не преку конфронтација, туку преку координација со нашите сојузници. Ја поддржуваме стратешката автономија на Европа преку посилна одбрана и поголема конкурентност, се стремиме кон активна европска улога во Газа и на Блискиот Исток и преземаме суштински иницијативи во рамките на Европската Унија и Советот за безбедност на Обединетите нации, напиша Мицотакис.

Додаде дека во свет на неизвесност, кохезијата на Европа и мултилатералната сила на Грција „ќе го оценат нашиот кредибилитет и јачината на нашиот глас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да…

Како што разговаравме на вонредниот Европски совет…

Фон дер Лајен: Време е да изградиме…

Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос,…

Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со…

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе се…

Калас: Само Кина и Русија имаат корист…

Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, направи…

„Политико“: Европскиот парламент го замрзнува трговскиот договор…

Пратениците во Европскиот парламент нема да го…