Мицотакис за британски поткаст: Грција е голем поддржувачи на ЕУ перспективата на Западен Балкан
„Имав некои реални прашања со Договорот од Преспа, кој го склучи претходната Влада. Но, го почитував. Се обидовме да соработуваме со Северна Македонија за да ѝ помогнеме во нејзиното европско патување. Но, за некој да се приближи до Европа ќе треба да го почитува европското законодавство и да постигне напредок во прашањата што се однесуваат на владеењето на правото“.
Ова го истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во британскиот поткаст „The Rest is Politics“.
Мицотакис говореше и за европската перспектива на Западен Балкан, откри дека една од работите што ќе ги направат во текот на следниот европски циклус е одново да го разгледаат процесот на проширување.
– Што значи во пракса да се стане член? Кои се можеби меѓу-фазите што можеме да ги поставиме за овие земји за да разберат дека како што напредуваат, ќе постојат и придобивки. Затоа што во моментов, треба да бидеме искрени, граѓаните од Западен Балкан не веруваат дека ќе станат дел од европското семејство. Станува збор за голем проблем – истакна Мицотакис.
Објасни дека постојат одредени земји, како што е на пример, Црна Гора, која напредува и треба да биде наградена, истакнувајќи дека не станува збор за „камшик“ и „долга листа на работи што треба да ги провериме и да им кажеме дека не им оди добро“.
– Треба исто така да се потсетиме, да ги видиме нашите сопствени патишта. Грција влезе во Европската Унија во 1981 година. Ако денес бевме кандидати „ќе ги имавме штиклирано сите полиња“? Мислам дека тоа беше политичка одлука донесена тогаш, со голема поддршка од Жискар Д’Естен. Германија беше воздржана. Земјата излегуваше од хунтата. Во овој случај повеќе беше геополитичка одлука, а помалку технократска. Но, во одреден момент треба да се постигне одреден напредок. Но, ве разбирам кога велите дека во одреден момент ќе треба да се донесат одредени храбри политички одлуки, истакна Мицотакис.
Паралелно повтори дека Грција е голем поддржувачи на ЕУ перспективата на Западен Балкан, бидејќи, како што рече, тоа е и во нејзини интерес, затоа што „станува збор за нашето непосредно соседство“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен земјотрес во Грција
Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…
Ова се најзадолжените држави во ЕУ!
Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…
Грција потпиша договор за набавка на 20…
Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…
(Видео) Страшна несреќа во Грција – 3агинаа…
Тешка несреќа околу пладне се случила во…
Силен земјотрес ја стресе Грција
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според…