Објавено на:

Мицотакис признава одредена вина за железничката несреќа: Не можеме да се криеме зад низа човечки грешки

t

Ја преземаме одговорноста и не можеме, не сакаме и не треба да се криеме зад низа човечки грешки, рекол грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница кој на дневен ред, единствено ја имаше железничката несреќа со 57 загинати, објави новинската агенција АНА-МПА.

Мицотакис уште еднаш упатил извинување и во негово име и во име на претходните Влади, истакнал дека во моментов последното што го интересира е да влезе во конфронтација за тоа кој е виновен.

-Одговарам: Сите сме виновни и храбро да го признаеме тоа, рекол грчкиот премиер, наведувајќи дека вина имаат и претходните влади и управителите на железницата поради доцнењата во завршувањето на проектите, но и додал дека сепак трагедијата се случи во време кога тие ја водат земјата.

Посочил дека правдата ќе одлучи за тоа кој е одговорен за несреќата со „апсолутна транспарентност во истрагата, за да се утврдат грешките и праведно да се судат инволвираните“ и најавил и покренување директни иницијативи за подобрување на „проблематичната состојба на железниците, во однос на технологијата и управувањето со човечките ресурси“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во сообраќајка во Грција повредено четиричлено семејство…

Четиричлено семејство од Македонија е повредено во…

Турист почина по каснување од пајак во…

Маж кој бил каснат од отровен пајак…

Силен земјотрес во Грција

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според…

Ова се најзадолжените држави во ЕУ!

Долгот во еврозоната е во пораст, покажуваат…

Грција потпиша договор за набавка на 20…

Грчката влада официјално ја финализираше својата намера…