Мицотакис ќе го покрене прашањето за Македонија во НАТО!

Се очекува премиерот Кирјакос Мицотакис да го покрене прашањето за Северна Македонија и почитувањето на Договорот од Преспа на Самитот на НАТО во Вашингтон, пишува Катимерини.

– Неупотребата од страна на новото раководство на Северна Македонија на уставното име на земјата, како што експресно предвидува Договорот од Преспа, но и општиот став на премиерот и претседателот на земјата, кои повеќе од неколку пати тврдеа дека земјата ќе се вика „ Македонија“ на внатрешен план предизвика остра реакција на Атина. Мицотакис во две интервјуа најави дека ќе го покрене ова прашање пред НАТО, предупредувајќи дека односот на соседната земја става кочница на нејзиниот европски пат. Мицотакис во понеделник отпатува за Вашингтон каде со полн распоред ќе остане до петок.
Главниот дел од патувањето се однесува на годишнината за 75-годишнината на НАТО. Самитот ќе го потврди и назначувањето на Марк Руте за нов генерален секретар на НАТО. Воедно е првпат самитот да се одржи со 32 сојузници, по завршувањето на приемот на Финска и Шведска.
Тридневниот самит – 9-11 јули – ќе има широка агенда, вклучувајќи зајакнување на одбранбените капацитети на Алијансата и зголемен придонес на европските земји-членки на НАТО и Канада за реализација на планираните инвестиции. На дневен ред е и потврдата за поддршката на Украина, соработката на НАТО со партнерите како ЕУ и Индо-Пацификот 4 – Австралија, Јапонија, Нов Зеланд, Јужна Кореја – како и со државите од јужното соседство за решавање на заедничките безбедносни предизвици како што се тероризмот, илегалната имиграција и заштитата на слободната пловидба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во САД одбележан Денот на независноста на…
Воената соработка на Вашингтон со Атина е…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
Грција: Дете се задушило јадејќи портокал на…
Лекарите во Грција се борат за животот…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…