Мишел повторно во посета на Балканот
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел неделава повторно ќе престојува во официјална посета на Западен Балкан, и притоа ќе ги посети Подгорица, Скопје и Приштина, јавија српски медиуми повикувајќи се на информација на Танјуг. Тоа ќе биде втор дел од „балканската турнеја“ на Шарл Мишел. Тој во периодот од 19 до 21 мај ги посети Србија, Албанија и БиХ.
Претседателот на Европскиот совет најави дека ќе ги покани лидерите од Западен Балкан, во соработка со Франција, како земја претседавач со Советот на ЕУ, на средба со лидерите на ЕУ на 23 јуни во Брисел, за идејата за формирање Европска геополитичка заедница. Мишел предложи земјите од Западен Балкан да бидат дел од новиот формат што ќе работи на доближување и зајакнување на соработката меѓу европските земји во решавањето на заедничките предизвици, промовирање на мирот, стабилноста и безбедноста на заедничкиот континент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српскиот хеликоптер ја напушти Македонија, исфрлиле 248…
Припадниците на Хеликоптерската единица и Секторот за…
САД се налутија: Косово ги загрозува можностите…
Соединетите Американски Држави оценија дека со континуираните…
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…