Мишел ѝ го сруши сонот на Украина: Не се надевајте на брз почеток на преговорите со ЕУ
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ја предупреди Украина дека не треба премногу да се надева на брза одлука за почеток на преговорите за пристапување во Европската унија.
Некои земји-членки на ЕУ јасно ставија до знаење дека „би сакале добро да размислат“ пред да донесат одлука за следниот чекор во пристапниот процес со Украина, изјави Мишел за новинарите за време на посетата на Киев.
Мишел рече дека земјите-членки продолжуваат да „работат многу напорно за да изградат заеднички став во Европскиот совет“ пред самитот на ЕУ во декември.
Но, тој истакна дека не треба да се потценуваат „политичките тешкотии“ и додаде дека во исто време ќе треба да се донесат тешки буџетски одлуки.
Тој не кажа кои земји-членки би можеле да го блокираат почетокот на пристапните преговори со Украина, која се бори против руската инвазија од февруари 2022 година.
Мишел рече и дека некои земји-членки сметаат дека треба да се направи повеќе за да се забрза процесот за земјите од Западен Балкан, како што е Босна и Херцеговина. На некои од нив им беше ветено пристапување во ЕУ пред повеќе од 20 години.
Мишел неодамна изјави дека според него, Украина би можела да биде членка на ЕУ до 2030 година доколку ги спроведе потребните реформи, доколку се бори против корупцијата и ги исполни законските барања.
Европскиот совет го одобри кандидатскиот статус на Украина за членство во ЕУ во јуни 2022 година. Киев сега ја чека одлуката за формален почеток на пристапните преговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина
Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…
Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…
Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…
ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…
Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…
Филипче до Гир: Се сомневам во намерите…
Претседателот на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче,…
Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…
Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…