Објавено на:

МИ5: Кинески шпиони доаѓаат во Британија со пасоши од трети земји!

t

Британската разузнавачка служба МИ5 ја предупреди владата дека кинеските шпиони влегуваат во Британија со добивање државјанство од трета земја, што им овозможува безвизен пристап.
Загриженоста го натера Министерството за внатрешни работи да подготви нови визни ограничувања за голем број земји што ги користат Кинезите, но Форин Офисот ја блокираше одлуката, изјавија високи владини извори за британскиот весник Тајмс.

МИ5 обезбеди докази дека граѓани од „непријателски“ земји, вклучително и Кина, влегуваат во земјата со добивање државјанство на земји кои имаат договори за безвизно патување со Британија.

Разузнавачката агенција стравува дека меѓу нив има агенти кои работат за кинеската држава, а исто така изрази загриженост дека руските шпиони би можеле да ја искористат оваа практика.

Земјите за кои британските власти велат дека се користат од кинески шпиони и организирани криминални групи се Вануату во Јужен Пацифик, Намибија во јужна Африка и Источен Тимор во Југоисточна Азија.

Тие се меѓу сè поголемиот број земји кои им дозволуваат на странците да стекнат државјанство со инвестирање или плаќање на релативно мала сума пари во земјата.

За разлика од Кина, тие се и на списокот на Обединетото Кралство на земји на чии државјани не им е потребна виза за престој во Британија до шест месеци.

Министерството за внатрешни работи подготви планови за воведување визни ограничувања откако му беа презентирани докази дека неколку кинески државјани кои работат за владини интереси во Пекинг влегле во Велика Британија преку овие земји.

Британското Министерство за надворешни работи сака да дозволи безвизно патување за туристите од овие земји како дел од напорите за подобрување на односите, но Министерството за внатрешни работи не сака да ги релаксира визните правила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мециновиќ: Кина е заинтересирана за зголемување на…

Мециновиќ, пратеник од Левица, кој деновиве е…

Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…

Брачниот пар е обвинет за расистички напад…

Следна станица за Ѓоковиќ е Кина!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го потврди учеството…

Мециновиќ од Левица на состанок во кинеското…

Денес во Министерството за надворешни работи на…

Пет лица загинаа, а 14 се повредени…

Пет лица загинаа, а 14 се повредени…