„Младите доаѓаат“ – концерт на оркестарот на Филхармонија со учениците од државните училишта

Денес во 20 часот, оркестарот на Филхармонија ќе го одржи концертот насловен „Младите доаѓаат“ на кој ќе настапат ученици од државните музички училишта. Диригент е Дијана Илкоска Имери, а на програмата се дела од А.Крепин, В.Пихл, Ф.А.Хофмајстер, В.А.Моцарт, Џ.Росини, Х.Виењавски, Д,Мијо, Е.Лало и С.Прокофјев.
Како солисти ќе настапат Ѓорѓи Димовски – саксофон (III средно, ДМУ, Битола), Итан Георгиев – контрабас (III средно – ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Леона Кондратенко – виола (IV средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Јаков Ангелов – виолина (IV средно, ДМБУЦ “ИлијаНиколовски – Луј”, Скопје), Наум Палоски – кларинет (III средно, ДМУ “Тодор Скаловски – Тетоец”, Струга), Симеон Гошев – виолина (IV средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Григори Ангелов – саксофон (IV средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје), Магдалена Дрмач – виолончело (II средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје) и Гоце Златев – пијано (II средно, ДМБУЦ “Илија Николовски – Луј”, Скопје).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…
Факултетско студентско собрание на Филозофскиот факултет при…
Независно Студентско Собрание при УКИМ соопшти дека…
(Возневирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани,…
Гробиштата во Кочани се прошируваат за да…