Млади за Македонија го подбраа Мицкоски: Градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ кажуваа дека не ги интересира името, сакале да направат некоја пара, а сега го рушат Сонцето од Кутлеш
Срамно и одвратно е што градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ го рушат Сонцето од Кутлеш, тоа е највисок чин на антимакедонизам, велат Млади за Македонја.
Во продолжение нивната објава на Фејсбук:
– Рушењето на Сонцето од Кутлеш е највисок чин на антимакедонизам. Ова е класичен пример на македонофобијата и ширење на етничка омраза кон македонскиот народ!!! Ударот врз нашето сонце е директен удар по нашата култура, историја, религија, биолошко потекло, и пред се цивилизација! Ударот врз светото 16 зрачно сонце е удар врз секој еден Македонец и врз целиот македонски народ!
Срамно и одвратно е ова што го прават дел од градоначалниците (од редовите на ВМРО-ДПМНЕ), а нивната партија само пред 3 години ни ветуваше дека ќе ги врати сите избрусени сонциња и се колнеше во 16 зрачното сонце. Кога се во опозиција најавуваат Конгрес во Солун, а кога са на власт, само крадат и со канџите удираат по македонскиот народ!
Дури, еден висок партиски фнкционер и градончаланик на скопска општина, преку посредници ни се закани дека ќе не апсел “како вмровци”! Замислете какови отпадоци без идеологија се тие луѓе, кога зборот вмровец им е синоним за навреда на луѓе, а тие се функционери во партија која се вика “ВМРО”!
Еден нивен друг кандидат за градоначалник (поддржан од ВМРО-ДПМНЕ), кој изгуби на локалните избори, во наше присуство ги нарекуваше гласачите на ВМРО-ДПМНЕ “сељаци” и зборуваше дека тој зорува тоа што сака да го слушнат “сељаците”.
Еден трет актуелен градоналачник од ВМРО-ДПМНЕ, ни рече дека Христијан Мицкоски е предавник и изработи за промена на името, а истиот тој кога стана градоначалник прв го сруши 16 зрачното сонце од Кутлеш!
А најрадикално оттиде еден актуелен градоначалник, кој во очи ни кажа “нака не те интерасира името, гледај да направиме некоја пара! и се пофали дека тој лично му бил учител на Мицкоски како да го лаже народот!!! Не гледа во очи и ова ни го вели!!! Што повеќе да кажеме, зар треба нешто повеќе да кажеме после оваа негова изјава??? Како врв на се, ни додаде дека Мицкоски нема да го врати името и дека тие како партија ги поддржуваат лошите политики на ес-де-ед (СДС) за да им биде полесно да победат на изборите!!!! Дури и ни побара помош за да не им пречаме на СДСМ за спроведување на нивните политики, за тие полесно да победат на идните избори!!!
Овие траги-комични ликови, без идеологија и национално чувство, ни забија нож во грб и го ништат македонското национално ткиво! Нашиот речник не познава зборови со кои можеме ние нив да ги опишеме. Но зар да им молчиме кога вршат национални предавста и удираат врз нашето 16 зрачно сонце? Е па НЕ, ќе се бориме до крај, почнуваме крстоносен пиоход за враќање на нашето 16 зрачно сонце!!!
Нашето Сонце гордо ќе се вее!!! – велат Млади за Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…