Младо момче пронајдено починато во када во Кавадаречко

t

Секторот за внатрешни работи – Велес денеска информираше дека момче на возраст од 24 години синоќа било пронајдено починато во када во куќа во кавадаречкото село Марена.

„Во 19:05 часот во ОВР – Кавадарци било пријавено дека во кадата во купатило во куќа каде престојувал во село Марена, пронајден бил починат 24-годишниот Д.Н. од селото Бегниште. Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт без траги на насилство“, појаснуваат од СВР – Велес.

Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР – Кавадарци и јавен обвинител, по чија наредба, телото на починатиот било дадено на обдукција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…