Млад затвореник од струшко почина во болница во Охрид

t

Триесет и тригодишник од струшкото село Октиси почина во болницата во Охрид, соопштија денеска од СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 19 часот во СВР Охрид било пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.

По наредба на јавен обвинител, телото било дадено за обдукција.

Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млад затвореник од струшко почина во болница…

Триесет и тригодишник од струшкото село Октиси…

ХОРОР ВО ОХРИД: Тинејџер силувал 12-годишно девојче,…

Полицијата јавува за вознемирувачки случај на сексуално…

Силен ветер урна дрво на Кеј Македонија…

Силен налет на ветер рано утрово урна…

16-годишник претепан од три лица во Охрид

Ноќеска (18.11.2025) во 00:40 часот во СВР…

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид

Утрово најниска температура од 2 степени Целзиусови…