Млад лекар најавува протест на здравствените работници: Министре решете ги проблемите да не ви се срушат врз глава
Ненад Лазаров, млад лекар и член на Асоцијација на специјализанти и млади лекари, на невогиот Фејсбук профил апелира до Министерот за здравство, Беким Сали, да ги реши проблемите во здравството за да не се соочи со протест на здравствените работници.
Еве што пишува Лазаров:
“Министре, протест ante portas имаш на примарно здравство, побрзо т.е. ОДМА седни решавај го зошто ќе ти се сломи на твоја глава иако си еден месец.”

Матичните лекари утре ќе протестираат, најавувајќи дека утре не планираат да издаваат рецепти, ниту упати од „Мој Термин“, додека ќе примаат само итни случаи. Велат дека итно бараат основен пакет на услуги за пациентите, зголемување на капитацијата, како и да нема казни за матичните лекари за административни пропусти во пандемија.
Матичните бараат и воведување на минимална партиципација. Тие предлагаат да се плаќа 50 денари за прв влез во месецот, а останатите прегледи да не ги плаќа пациентот.
За утре попладне е акажана средба од заменикот-министерот за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вилма Pусковска се приклучи на протестниот марш…
Вилма Русковска се приклучи на протестниот марш…
(Видео) „Врапчињата знаат дека има огромен синџир…
Врапчињата знаат дека има огромен синџир на…
Протестен марш на семејствата на загинатите денеска…
Во сабота, 25 април со почеток од…
Протест во Тетово: Дали требаше да се…
Во Тетово се одржа протест на група…
Средните училишта низ Србија продолжуваат со бојкот…
Повеќе средни училишта во Србија од понеделник…