Млад маж се бори за живот на скопските клиники откако паднал од покрив

t

Велешанец на 35-годишна возраст се бори за живот на скопските Хирушки клиники откако вчера попладне паднал од покрив висок околу 10 метри, во близина на силосите кај Маслодајна.

Несреќата се случила околу 15 часот, кога велешанецот, кој бил ангажиран на поправка на покрив, од засега непознати причини, паднал. Веднаш на местото на несреќата била повикана екипа на Итната медицинска помош која му укажала прва помош и итно го пренела во Хирушката амбуланта на велешката Општа Болница.

Од велешката болница за МИА информираат дека повредениот бил донесен во бесознание и со повеќе тешки повреди и веднаш бил реанимиран и прегледан. Но, поради тешките повреди на главата и на градниот кош, итно бил транспортиран на Хирушките клиники во Скопје.

Полицијата направила увид на настанот и ги утврдува причините за тоа како паднал 35 годишниот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ: Стравот од целосен ветинг не се…

Демократската унија за интеграции бара веднаш да…

Спречена е трагедија, заканата за концертите на…

Заканата од терористички напади на концертите на…

Сирак од 12 години, со маки аргатувал…

Марко Деспотоски е роден на 28 септември…

(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…

Во попладневните часови поради дефект на далекувод…

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…