Млад насилник дивеел во Гази Баба, мавтал со нож и тепал роднини и соседи
22-годишен жител на скопската населба Гази Баба вчераутро предизвикал вистинска драма – ѝ се заканувал со нож на неговата две години помлада братучетка, по што физички ја нападнал неа, нејзиниот сопруг и неколкумина соседи кои дошле да се обидат да ја смират ситуацијата.
Според МВР:
„На 25.09.2024 во 18 часот во СВР Скопје, 20-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 09:30 часот во семејниот дом на подрачјето на Гази Баба, нејзиниот братучед Б.А.(22) ѝ се заканил со остар предмет“.
Од полицијата додаваат дека младиот насилник потоа оштетил дел од покуќнината и се обидел да го нападне сопругот на неговата братучетка, а потоа во дворот од куќата физички ја нападнал неа, како и соседите Ѓ.И.(41), А.Д.(48) и А.М.(63).
МВР презема мерки за целосно расчистување на настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
104-годишна бабичка скокнала со падобран
Една 104-годишна жена од Чикаго се надева…
Кавадарчанец и давал хероин на малолетната сестра…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе…
Дeдo co шипka гo прeтeпaл внyкoт и…
Почина 6-годишното момче кое беше претепано со…