ММА бара извинување од министерот Бектеши

t

Македонската медиумска асоцијација (ММА) на националните терестријални телевизии реагира на повторните, како што наведуваат, политички етикетирања на две нивни членки Канал 5 и Телма. ММА очекува извинување од министерот Крешник Бектеши или како што велат ќе го преиспита своето однесување визави функционирањето на ова Министерство се додека тој е негов прв човек.

Новинарите од телевизиските куќи ТВ Канал 5 и ТВ Телма денеска на прес – конференција во Владата беа навредувани и омаловажувани од министерот Крешник Бектеши кој не одговарајќи на поставени новинарски прашања на двата медиуми, обвини за наводни договорени прашања, што е апсолутно неточно.

-При тоа спротивно на сите меѓународни новинарски кодекси ги обвини нашите членки дека новинарите не се таму за да прашуваат и коментираат, што сметаме дека е елементарна цензура од позиција на моќ. Дополнително ММА смета дека ваквото однесување на министерот Крешник Бектеши е притисок, новинарите да не поставуваат прашања битни за јавноста, но и навреда и клевета кон споменатите медиуми и обид да се манипулира со јавноста, се наведува во соопштението од ММА.

Оттаму укажуваат дека на медиумите треба да им се овозможи независно работење без закани и влијание и да се обезбеди слободата на говор и изразување.

-Потсетуваме дека согласно Законот за граѓанска одговорност навреда и клевета е многу јасен и прецизен и дека ги опфаќа сите физички лица, вклучително и оние кои се во извршната власт, како во случајот министерот Бектеши, велат од ММА. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…