ММДЧП бара Мицкоски и Сиљановска итно да го раскинат Преспанскиот договор и да го вратат името Македонија!
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права бара итно раскинување на „Договорот од Преспа“, со кој во 2019 година незаконски и насилно се смени името на Македонија во крајно навредливото име „Северна Македонија“, во спротивност на македонскиот Устав, собраниските правила, македонското и меѓународното право, и на повеќе меѓународни конвенции за заштита на човековите права. Повеќе детали се наведени подолу. Раскинувањето на овој незаконски договор ќе го врати името на Македонија и ќе го гарантира нејзиното право на самоопределување.
Со цел да и помогнат на Грција во нејзината кампања да го искорени постоењето на името, етничкиот идентитет, културата и историјата на Македонците (што е основата на „Договорот од Преспа“) – а особено да ги прикрие невидените кршења на човековите права што Грција ги направи против домородното етничко македонско население откако ја анектираше Егејска Македонија во 1913 година – Соединетите Американски Држави ја принудија Македонија да си го промени името, во замена за тоа Грција да го укине своето вето за кандидатурата за членство на Македонија во НАТО, со што дополнително се зацементира хегемонијата на САД во регионот. Соединетите Американски Држави го инсталираа режимот на Зоран Заев во 2016/2017 година, покренувајќи присилна промена на името и брутално задушување на сите изрази на спротиставување, со масовно кршење на човековите права на Македонците.
И покрај тоа што „Договорот од Преспа“ беше масовно отфрлен од Македонците на референдумот на 30 септември 2018 година, тој сепак беше спроведен со сила од страна на режимот. Некои од најлошите негови членови се (целосна анализа следи подолу): со член 7(2) терминот „Македонија“ официјално и се дава на Грција, а целото македонско население во Егејска Македонија се смета за непостоечко; членот 7(3) создава сосема нов, вештачки „северномакедонски“ идентитет и го брише наследството, идентитетот и културата на Македонците; членот 8(5) дозволува комисија од грчки дипломати да ја препише македонската историја и македонските учебници, за официјално да се отстрани секоја трага од постоењето на Македонците.
Меѓу незаконските елементи во присилната промена на името, за што исто така следи целосна анализа подолу: членот 75 од македонскиот Устав предвидува дека претседателот на Македонија мора да потпише секој уставен амандман, што претседателот Ѓорги Иванов никогаш не го стори. Овој факт не е ни оспорен од поранешниот режим или од Соединетите Држави, и е истакнат на официјалната интернет страница на македонската Влада (видете ја страницата овде, со извадок подолу); членот 120 од македонскиот Устав предвидува дека „Предлогот за здружување или раздружување од сојуз или заедница со други држави [нпр. НАТО, ЕУ] Собранието го прифаќа со двотретинско мнозинство гласови [81 од 120] од вкупниот број пратеници. Потребниот број гласови во Собранието не беше исполнет и референдумот беше масовно отфрлен; членот 308 од македонскиот кривичен законик предвидува дека „Граѓанинот на Република Македонија кој ќе ја стави Република Македонија во положба на подреденост или зависност во однос на друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“, а „Договорот од Преспа“ беше специјално создаден да го направи ова во однос на Грција; не може доволно да се нагласи фактот дека бидејќи претседателот Иванов не го склучил или потпишал „Договорот од Преспа“ како што налага Уставот и имајќи предвид дека Претседателот не го потпишал указот за прогласување на Законот за ратификација на договорот, нема формално законски валиден договор во времето на референдумот, и не постои ниту сега.
Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права бара претседателката на Македонија Гордана Силјановска-Давкова и владата и новоизбран премиер-мандатар Христијан Мицкоски веднаш да го прогласат за ништовен незаконскиот „Договор од Преспа“, со што ќе се врати вистинското име на Македонија. Како што директно им беше пренесено на претседателката Силјановска, новоизбраниот премиер-мандатар Мицкоски, на сите македонски политичари и на лидерите и политичарите од другите народи ширум светот, незаконскиот закон не е закон. ММДЧП ги отфрла сите изговори дадени од македонските политичари како прво да се вршат преговорите за името на Македонија, а сега и одбивањето да се раскине менувањето на името. Изјавата дека ќе го „почитуваат Договорот од Преспа“ е целосно предавство на Македонците и на демократските вредности и принципите за човекови права кои западните лидери тврдат дека ги поддржуваат. Повикувајќи се на европското и меѓународното право го браниме правото на Македонија на самоопределување, наспроти тврдењата дека тоа го оправдува нивното кршење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…