ММФ потврди: Се забележува постепено напуштање на доларот
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, најави дека има постепено напуштање на употребата на американскиот долар, но додаде дека не гледа алтернатива на американската валута во блиска иднина.
– Не е тоа главното нешто што ме загрижува. Навистина е забележливо постепеното напуштање на доларот, но не гледам алтернатива за тоа. Во секој случај, не во блиска иднина, рече Георгиева на дискусија во аналитичкиот институт „Милкен“ во Вашингтон, коментирајќи ги изгледите за употреба на американската валута во светски размери во иднина.
Во светлината на невидените антируски санкции кои го погодија, меѓу другото, финансискиот и банкарскиот сектор, довербата во доларот се губи. Многу земји се обидуваат да ја намалат неговата употреба во различни видови плаќања. Русија тргна по патот на напуштање на употребата на американската валута во меѓународните порамнувања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов заем од 2,2 милијарди долари за…
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во петокот објави…
ММФ ја зголеми прогнозата за економскиот раст…
ММФ ја надгради својата прогноза за економскиот…
Маск верува дека доларот може да стане…
Eлон Маск предизвика бројни реакции поради објавата…
ММФ: НБРМ е добар пример за транспарентност
Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска одржа предавање на „Форумот…
ММФ предвидува раст на БДП за Македонија…
Пролетната сесија на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)…