ММФ со драматично предупредување за руското ембарго на природен гас

t

Меѓународниот монетарен фонд денеска предупреди дека руското ембарго за гас ќе доведе до сериозна рецесија во Источна Европа и Италија, доколку земјите ширум светот ги акумулираат своите мали резерви, пишува Фајненшл тајмс.

ММФ процени дека, освен ако не се подели течниот природен гас и не се намалат цените вештачки, секоја руска акција за прекинување на испораката на гас во Европа ќе предизвика економски пад од над 5,0 проценти во текот на следната година во Чешка, Унгарија, Словачка и Италија, додава британскиот бизнис весник, како што пренесува Ројтерс.

Британската агенција вчера објави дека „Газпром“ ги информирал клиентите во Европа дека не може да гарантира снабдување со гас поради „вонредни“ околности, што ги зголеми стравувањата дека Москва можеби нема да го рестартира гасоводот „Северен тек 1“ во четврток, кога треба да заврши годишниот ремонт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…