МНОГУМИНА СЕ ПЛАШАТ ОД МОЕ ВРАЌАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Ексклузивно интервју на Груевски за српска “Политика”
Поранешниот премиер Никола Груевски во ексклузивно интервју за српска “Политика” истакна дека многумина во Македонија се плашат од евентуално негово враќање во земјава.
Интервјуто на Груевски ви го пренесуваме во целост:
Во оваа прилика му се обративме директно на Никола Груевски, поранешен македонски
премиер кој се наоѓа во политички егзил во Будимпешта, кој во ексклузивен разговор за “Политика” зборува за оваа актуелна тема.
– Интензивно се зборува за Ваше враќање во Македонија. Дали условите се созреани за тоа?
Мојот политички прогон трае со ист интензитет како и во минатите шест-седум години. Најголемо влијание во Обвинителството, судството и медиумите и понатаму има Зоран Заев, кој е неуморно посветен на мојот и прогонот на моите поранешни соработници. Заев се ангажираше кај судиите, обвинителите, и медиумите, некаде врши лично и политичко влијание, некаде финансиско, воедно контролира и голем дел од пратениицте на СДСМ. Покрај опсесивната посветеност на мојот случај, со иста енергија е посветен на инвестирање во странство на неговите нечесно заработени пари и зголемување на неговото богатство во работите кои ги контролира во Македонија, во енергетскиот сектор, производството на марихуана, градежништвото…
– Како меѓународната заедница не го забележала ова за што зборувате?
На претставниците на меѓународната заедница им е јасно дека Зоран Заев ја попречува работата на правосудниот систем поради постигнување на политичките и деловните цели, но нивната толеранција лежи во фактот што Ззаев им заврши огромна работа со Преспанскиот договор и договорот со Бугарија. Но прашањето е до кога ќе ги толерираат ваквите негови активности.
– Неодамна обелоденивте дека постои соработка меѓу Заев и опозицискиот лидер Мицкоски.
Стојам зад тие изјави. Во меѓувреме стаса и јавна потврда од министерот за внатрешни работи и потпретседател на СДСМ, Оливер Спасовски, за соработката меѓу Заев и Мицкоски, кога во интервју за македонски медиум истакна дека Заев на партиски состанок во седиштето на СДСМ го запознал раководството на партијата за содржината на разговорите со Мицкоски. Значи тоа веќе не е тајна, ниту непроверена информација. За жал, наместо да се бори да го порази Заев на политичката сцена и да помогне во запирање на неправдата која преку политички прогон ни е спроведена мене и на моите поранешни соработници, Мицкоски стана најголем сојузник со оној кој го креираше и диктира тој политички прогон. Заев направи непроценлива штета на Македонија, особено неговите ставови во врска со националните прашања.
Влезот на Бугарите во Уставот е помал проблем, затоа што потоа следуваат поголеми прашања, прашањата за идентитетот на македонскиот народ, неговата историја и јазик. Знаејќи ги јавно изнесените ставови на Заев дека ние и Бугарите сме ист народ, што го изјави во интервју за бугарски медиум, а тоа македонската јавност го виде, се прашувам што следи за Македонија по изборите следната година ако тој и понатаму го држи во заложништво лидерот на опозицијата.
– Според зборовите на Мицкоски сте се договориле со властите да Ве ослободат со измените на Кривичниот законик, за што наводно сте ветиле противуслуга. Дали е тоа точно?
Помина повеќе од месец дена откако се усвоени измените на Кривичниот законик и сега е сосем јасно дека таа измена не е наменета за мене. Тоа беше валкан спин со краток рок на траење. Да беше тоа така, да беше тоа во мој интерес, јас веќе еден месец ќе бев во Скопје и овој разговор би го воделе во Македонија. Меѓутоа, како што гледате и знаете, јас и понатаму сум во Будимпешта. Но, ако следната година, во август на власт би дошла нова Влада без партијата СДСМ, Заев и многу други луѓе од врвот на власта, на основа на овие членови од кривичниот законик каде казните се намалени, не би можеле да се гонат за злоупотреба на службената положба и овластување за првите три и пол години, туку само за последните две. Тоа е еден вид на амнестија и за него и за другите од истиот табор.
– Какво влијание можат да имаат овие измени на Кривичниот законик кога е во прашање Вашето враќање во татковината?
Овие измени на Кривичниот законик имаат минорно влијание, што јавно го објаснив многу детално. Се додека трае политичкиот прогон не можеме да зборуваме за враќање во Македонија.
– Според Вашите процени до кога ќе трае тој Ваш политички прогон?
Дали судот во иднина ќе успее да се оттргне од заевите канџи зависи од повеќе чинители. Кога станува збор за политичкиот прогон од Македонија, знам дека не тужат обвинителите и не судат судиите. Тие работат само формално. Поедини политичари обвинуваат, судат и се задолжени за медиумската пропаганда.
– Неколкумина албански политичари секојдневно ја обвинуваат политичката партија ДУИ и го споменуваат 23 октомври како ден за Ваше враќање. Дали е тоа возможно?
Ова се изјави на албанските и македонските политичари, кои се блиски со фолклорот на Мицкоски и Заев, што го гледаме веќе околу еден месец. Незрелите политичари мислат дека вечно ќе бидат моќни.
– Како сметате дека ќе се заврши ситуацијата во врска со Вашиот политички прогон?
Сите овие, или вакви, политички прогони, порано или подоцна паѓаат на еден или на друг начин. Меѓутоа, некои недоволно зрели политичари во Македонија тоа не го сфаќаат и мислат дека вечно ќе бидат моќни и дека вечно ќе можат да ги држат институциите заробени во своите канџи. Во овој момент имаме огромен ангажман на моќници во македонската полиитка за тоа да не се случи брзо, пред се поради нивниот личен интерес и страв. И се додека ги играат овие игри земјата тоне на сите полиња: се рушат моралните вредности, тоне економијата, цветаат корупцијата и криминалот, правниот систем е деградиран, институционалниот систем не функционира, не постои правната држава, а народот од сите националности масовно ја напушта земјата и владее тотална апатија.
Многу е видливо дека многу е изгубено по прашањето на суверинитетот на земјата. Неспособни и коруптивни политичари купуваат милост за себе и толеранција за својата неспособност и тоа го покажуваат со тоа што се препушта други да ги носат одлуките кои се во нивна надлежности. Така е изгубен суверинитетот.
– Зошто е тоа така, бидејќи сте илјадници километри оддалечени од татковината и веќе пет години немате ниедна политичка функција?
Во основа на се е стравот од мое евентуално враќање во земјата. На прво место е односот на некои политичари кон мене во изминатите пет-шест години, но и нивната неспособност во севкупното водење на државата, како и криминално-коруптивни мотиви, поради што всушност некои од нив и се бават со политика.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Бајден повика на смиренот во американската нација:…
Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица…
Од политичката партија „Левица“ велат дека се…