Мнозинството граѓани на ЕУ сакаат Фон дер Лајен да си поднесе оставка
Според анкетата на социолошката компанија Cluster17, дури 60 отсто од жителите на Европската Унија сакаат претседателката на Европската Kомисија, Урсула фон дер Лајен, да поднесе оставка, објави „Ле Гранд Континент“.
Поддршката за нејзиното заминување е особено висока во Франција (70 проценти од анкетираните), додека 49 проценти од Полјаците, 54 проценти од Германците и 60 проценти од Италијанците и Шпанците веруваат дека фон дер Лајен треба да се повлече.
Фон дер Лајен, докторка по образование и долгогодишна германска политичарка од Христијанско-демократската унија, беше министерка за одбрана на Германија од 2013 до 2019 година, кога беше избрана за првата жена на чело на Европската Kомисија. Нејзиниот мандат е обележан со бројни предизвици, од пандемијата и „зелената агенда“ до енергетската криза и војната во Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мнозинството граѓани на ЕУ сакаат Фон дер…
Според анкетата на социолошката компанија Cluster17, дури…
ЕУ: Политичарите да не се мешаат во…
Европската Унија ги повика политичарите во Косово…
Честитка од Кос за Денот на независноста:…
Европската комесарка за проширување Марта Кос во…
Албанија на чекор до ЕУ: Во септември…
На 16 септември, Албанија ќе ја одржи…
Филипче: Резолуцијата е во финална фаза, ќе…
„Македонија е заглавена. Државата тапка во место,…