Мнозинството млади во Македонија има позитивен став за ЕУ, но не веруваат дека некогаш ќе влеземе во Унијата – Главна причина е корупцијата!

t

Мнозинството млади луѓе во Македонија имаат позитивен став кон Европската Унија, но речиси половина не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ, покажува анкетата спроведена во јуни 2025 година од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП Скопје), Европскиот центар за извонредност од Брисел, и германската Фондација за слобода „Фридрих Науман“, а во соработка со младинската платформа „Студентарија“.

Според анкетата, младите луѓе во земјата ја гледаат ЕУ како позитивен пример, но се чувствуваат дистанцирани од процесот на европска интеграција. Авторите на анкетата нагласуваат дека младите треба да се третираат како активни партнери, а не само како гледачи.

Резултатите од анкетата покажуваат дека 41 процент од младите луѓе во земјата имаат позитивен став кон ЕУ, 24 проценти – негативно, а 35 проценти од оние што учествувале во анкетата одговориле „неутрално“.

Во однос на членството на Македонија во ЕУ, 46,5 проценти од испитаниците не веруваат дека земјата некогаш ќе стане дел од ЕУ, 35,8 проценти веруваат дека тоа е можно, но во подалечна иднина, а само 6,7 проценти очекуваат земјата да стане членка на ЕУ во следните пет години.

Главната пречка за интеграција, според 84,6 проценти од испитаниците, е корупцијата, проследена со билатерални спорови (61 процент) и ниска доверба во институциите (60 проценти). Младите во Македонија го идентификуваат домашниот политички контекст како најголем проблем, барајќи конкретни мерки против корупцијата и поголема одговорност.

На прашањето која земја од Западен Балкан има најголеми шанси да стане членка на ЕУ во следните пет години, 53 проценти од испитаниците рекле Албанија, по што следуваат Црна Гора (34,5 проценти) и Србија (14,7 проценти).

Анкетата е спроведена онлајн меѓу 1.000 млади луѓе, од кои 81,5 проценти биле студенти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мнозинството млади во Македонија има позитивен став…

Мнозинството млади луѓе во Македонија имаат позитивен…

Антимонополските закони да се усогласат со ЕУ!…

Македонија е умерено подготвена во областа на…

Пирц Мусар: Нема да дозволиме крај на…

Претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар,…

EK: Северна Македонија не постигна никаков напредок…

Северна Македонија е помеѓу одредено и умерено…

Кос ги пофали сите за значителни реформи…

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во објава…