МНР ги штити Бугарите, апелира до Македонците да не протестирале против “Цар Борис”

t

По повод најавеното отворање на новото здружение на граѓани во Охрид, како и јавните повици за изразување протест против него, Министерството за надворешни работи (МНР) упатува апел до сите граѓани, политички и неполитички групации за зрело и достоинствено однесување, втемелено врз почитта кон правото на сите граѓани, без разлика на својата етничка припадност, да ја остваруваат својата уставно загарантирана слобода на здружување и за слободно изразување на својот став, соопштуваат од МНР.

– Македонија, како демократска земја во која слободите и правата на човекот и граѓанинот се издигнати на ниво на темелна вредност на Уставот и државноста, ќе продолжи да го заштитува правото на сите граѓани и заедници да го изразуваат, негуваат и развиваат својот етнички, културен, јазичен и верски идентитет, како и слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата, се наведува во соопштението.

Министерството ги замолува сите чинители да се воздржат од обиди за злоупотреба на своите права и слободи, особено да избегнуваат употреба на провокации и негирање на правата и слободите на другите.

Утре во 12 часот во Охрид се отвара нов бугарски клуб “Цар Борис Трети”. По повод отварањето на клубот, Левица најави мирни протести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонското МНР со сочувство до Индија по…

Од македонското Министерство за надворешни работи денеска…

Бугарскиот МНР се слушнал со Муцунски: Бугарија…

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг…

„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…

Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…

Бугарскиот МНР: Бугарија нема и не може…

Членството во ЕУ не е дадено, туку…

МНР ќе троши 4.3 милиони денари за…

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…