МНР го повикала на разговор бугарскиот амбасадор, поради навредливите изјави на Георгиев

t

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Северна Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата „БТВ“.

Како што соопшти МНРиНТ, во врска со ова, Министерството денеска го повика на разговор амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Жељаско Радуков, на кого му бил пренесен официјалниот протест и му беше укажано на несоодветноста на ваквиот јавен дискурс од страна на висок функционер на бугарската влада.

-Таквите изјави, во кои се користи недоличен речник и се омаловажуваат претставници на суверена држава, претставуваат директна повреда на основните принципи на меѓународното право и дипломатската комуникација. Тие не придонесуваат за унапредување на добрососедските односи и се во спротивност со духот на конструктивен дијалог и заемно почитување што треба да ја води соработката меѓу двете земји, стои во соопштението на Министерството.

Очекуваме од официјална Софија да упати соодветно извинување, во насока на зачувување на достоинствената и принципиелна билатерална комуникација.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во ЕУ и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид. Зборувајќи за премиерот Мицкоски, го нарече „северномакедонски“ премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР го повикала на разговор бугарскиот амбасадор,…

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…

Филипче: Никој од Бугарија не смее да…

Филипче ја осуди изјавата на бугарскиот министер…

Борисов задоволен од извештајот за Македонија: Мило…

Поранешниот премиер на Бугарија и лидер на…

Митовски им се заблагодари на сите од…

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска…

Бугарија нуди помош за гаснење на пожарите,…

Република Бугарија понудила помош за справување со…