МНР за Инфомакс: Македонците да ја напуштат Русија
Безбедносната ситуација во Русија станува се’ позагрижувачка, референдумите во четирите украински региони го разгоруваат огнот меѓу двете завојувани страни, Русија и Украина, а дополнителна закана за безбедноста претставуваат и демонстрациите во неколку руски градови против делумната мобилизација.
Од тие причини прашавме дали Министерството за надворешни работи ќе ги повика македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Руската Фередација да ја напуштат истата, а воедно да препорача македонските граѓани да не патуваат кон Русија.
Од МНР кратко одговорија дека препораките кои Министерството ги даде во февруари, на почетокто на конфликтот важи и денес и дека секако се препорачува Македонците кои се во Русија да ја напуштат државата.
– Уште од почетокот на кризата, кога се воведуваа рестриктивните мерки, како Министерство објавиме повик до сите граѓани кои имаат можност да ја напуштат Руската федерација, со оглед дека рестриктивните мерки ќе ги отежнат можностите за напуштање на земјата. Овој апел е сѐ уште важечки, велат од МНР.
Во соопштението од февруари годинава МНР препорачува граѓаните да ги искористат сите расположливи средства за напуштање на Русија и да се воздржат од патување кон Федерацијата.
Во меѓувреме бугарското МНР уште еднаш ги повика бугарските државјани да ја напуштат Русија поради зголемени безбедносни ризици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…