МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора во ова тешко време

t

По масакрот во Цетиње се огласи и македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија.

„Длабоко сме шокирани и тажни од трагичните настани во Цетиње, Црна Гора. Стоиме во солидарност со семејствата на жртвите и со народот на Црна Гора во ова тешко време. Нашите мисли се со вас“, рекоа од македонското МНР преку соопштение.

Претходно се огласи и шефицата на државата, Гордана Сиљановска-Давкова. Таа утрово упати сочувство до семејствата од Црна Гора. Во порака на социјална мрежа „Х“, претседателката порача:

„Упатувам најдлабоко сочувство до семејствата и најблиските погодени од трагичното масовно пукање во Цетиње, Црна Гора. Моите мисли се со жртвите, нивните семејства, народот на Црна Гора и сите оние кои беа погодени во ова неверојатно тешко време“.

Осомничениот маж кој изврши масакр во Цетиње е мртов- соопштија црногорските власти. Се обидел да се самоубие откако бил опколен од полицијата, починал на пат кон болница. 45- годишниот напаѓач идентификуван како Ацо Мартиновиќ усмрти најмалку 10 лица, вклучително и две деца, и рани уште четворица други. На убиствата им претходела расправија в кафеана по што Мартиновиќ заминал и се вратил со оружје усмртувајќи го сопственикот на локалот и неговите деца, како и членови на сопственото семејство. Во земјата е прогласена тридневна жалост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР: Нашите мисли се со народот на…

По масакрот во Цетиње се огласи и…

Одделот за внатрешна контрола не утврди вина…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска…

Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…

Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…

МНР демантира дека Живковска му вршела ревизија…

МНР демантира дека Живковска му вршела ревизија…

Ќе се менува законот за надворешни работи

Значителни измени на Законот за надворешни работи,…