МНР: Полесно повредена македонска државјанка во турканиците по експлозијата во Истанбул, нема настрадани македонски граѓани

t

И 24 часа по вчерашната експлозија во Истанбул, Министерството за надворешни работи и нашите претставништва во Турција немаат информации за директно настрадани или повредени македонски државјани во инцидентот, соопшти денеска МНР.

Министерството информира дека по експлозија во Истанбул, преку Генералниот конзулат во Истанбул и Амбасадата во Анкара, е во постојана комуникација и со надлежните органи на Турција и со заинтересираните граѓани од земјава.

– Во меѓувреме една наша државјанка која се наоѓала во близина на инцидентот, пријави во нашиот Конзулат дека индиректно се стекнала со полесни повреди предизвикани од турканиците настанати при оддалечување на луѓето од местото на експлозијата. Информираме дека без поголеми таа е веќе вратена во земјата, информира МНР.

Оттаму додаваат дека нашите претставништва остануваат во контакт со институциите на Турција, како и со загрижени граѓани и економски субјекти кои организираат патувања во Истанбул.

Од МНР посочуваат на контактите каде граѓаните можат да се обратат за било каква информација или асистенција: +905456149777 во Истанбул и +38975273732 во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран истрела 400 балистички ракети, но околу…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека…

Инцидентот со ножеви во Чаир настанал поради…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје…

Град Скопје објави јавен повик за субвенции…

Град Скопје објави Јавен повик за доделување…

Трамп закажа средба во Белата куќа со…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп…

Во Појасот Газа за 24 часа убиени…

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека во…