МНР: Сите дипломати се прописно назначени на нивните позиции

t

Министерството за надворешни работи во коментар за Инфомакс со врска со вчерашните обвинувања на Македонскиот дипломатски синдикат дека МНР назначила незоодветни лица на позиции конзул во Њујорк и амбасадор во Будимпешта.

– Законот за надворешни работи прецизно ги пропишува условите предвидени за именување на амбасадори и генерални конзули на Република Северна Македонија во странство. Условот пропишан во членот 49, став 1 алинеја 6 од Законот за надворешни работи, кандидатот да има високо дипломатско звање, со измените 226/ 2015 година се брише, а алинејата 6 се менува и гласи: „- да не е осудуван за кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку шест месеци, за кривично дело во врска со службената должност, или за друго кривично дело што го прави недостоен за генерален конзул.“

Ова е пракса која била користена и претходно и било именувано шеф на ДКП од редот на дипломатско-конзуларните службеници кои немале високо дипломатско звање. – велат од МНР за Инфомакс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонското МНР со сочувство до Индија по…

Од македонското Министерство за надворешни работи денеска…

Бугарскиот МНР се слушнал со Муцунски: Бугарија…

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг…

„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…

Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…

Бугарскиот МНР: Бугарија нема и не може…

Членството во ЕУ не е дадено, туку…

МНР ќе троши 4.3 милиони денари за…

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија…