МНР: Сите македонски државјани да се воздржат од патување во Иран!
Министерството за надворешни работи апелира до сите државјани на Република Македонија да се воздржат од патување во Исламската Република Иран, поради масовните и насилни протести во различни делови од земјата, а особено во Техеран.
Воедно, доколку наши граѓани во моментот се наоѓаат на територијата на Иран, Министерството за надворешни работи ги повикува да останат на безбедни локации, да избегнуваат јавни собири и доколку немаат суштинска причина, да ја напуштат земјата.
За дополнителни информации, сите наши граѓани, кои се наоѓаат во или надвор од државата, да ги следат само официјалните канали на Министерството за надворешни работи, социјалните мрежи на Министерството и на Амбасадата на Македонија во Софија, како надлежно дипломатско-конзуларно претставништво за Иран.
Воедно, нашите државјани може да се обратат и на дежурниот телефонски број на Министерството за надворешни работи +389 75 273 732 и следната и-мејл адреса: [email protected]
Министерството за надворешни работи ќе продолжи да ги следи состојбите во Иран и навремено да информира за евентуални насоки за постапување за нашите државјани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел призна дека го убил лидерот на…
Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, во…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
МНР демантира дека Живковска му вршела ревизија…
МНР демантира дека Живковска му вршела ревизија…
Ќе се менува законот за надворешни работи
Значителни измени на Законот за надворешни работи,…
Ревизија на Фрчкоски му прави, или на…
Колку чини ревизијата на работата на поранешниот…