Модерниот гемиџија, Каков кам-бек, брату, се врати од Америка оти тука нема мажи, Ламбе војводо: Социјалните мрежи ГОРАТ по потегот на Алабаковски

t

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски објави дека денеска бил идентификуван и приведен човекот кој го запали бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов”. Кратко потоа се дозна дека Ламбе Алабаковски го запалил бугарскиот клуб.

Социјалните мрежи веќе вријат, најголем дел од коментарите се позитивни и потегот на Алабаковски наиде на поддршка.

– Велат дека пеачот Ламбе Алабакоски бил тој што ја запалил вратата на секташко фашистичкиот клуб у Битола и дека моментално е уапсен.

Ја велам:

-Алал да ти е мајчиното млеко што си го цицнал! Има Битола јунаци!

Вие власта ќе го уапсите и казните. Ние народот ќе го наградиме.

Се врати од Америка пошо гледа овде нема мажи и се килаво. Ламбе комито!!!

Не секој сака да настапува у бугарски клубови., пишува Кристијан Јандриоски.

“Скокај Ламбе го заменивме со пали Ламбе”, ” Каков кам-бек, брату!”, “Македончиште”, се останатите коментари.

Дурмо турс нема разрешница уште оти е финансиер на ДУИ, пожарот во Тетово нема разрешница оти Анѓушев ги градел бараките – ама кога народот ја зема правдата во свои раце, тогаш во два дена се апсат лица!, пишува Мојсоска на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Никој не може против народот: Ламбе е…

Истече притворот за македонскиот поп пејач Ламбе…