Моди на средбата со Путин: Војната не е решение – Чувствувам оптимизам за Украина
Рускиот претседател Владимир Путин и индискиот премиер Нарендра Моди ги започнаа официјалните преговори во Кремљ. Средбата се одржува во тесен формат.
На почетокот на средбата рускиот претседател посочи дека тој и индискиот премиер неформално разговарале за сите прашања.
„Имавме можност вчера во неформален амбиент да разговараме практично за сите прашања“, рече Путин.
Нашите земји имаат долгогодишно пријателство, добри односи кои се развиваат со децении, а оваа година славиме 77 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Денес нашите односи имаат карактер на посебно привилегирано стратешко партнерство“, нагласи рускиот лидер.
Притоа, рускиот претседател му се заблагодари на индискиот премиер за вниманието кон мирното решавање на украинската криза.
Моди, пак, изрази уверување дека Москва и Њу Делхи ќе продолжат да работат заедно и да ги зајакнат сите аспекти на соработката. Тој потврди и дека со Путин разговарал за „украинските прашања“.
Во таа прилика рече дека „војната не е решение“.
„Како ваш пријател, секогаш ви велев дека мирот е неопходен за светла иднина на идните генерации, бидејќи веруваме дека војната не е решение. Решението не може да биде преку војна. „Бомбите, ракетите и пушките не можат да обезбедат мир, затоа го нагласуваме дијалогот, дијалогот е неопходен“, рече Моди.
„Го слушнав вашиот став, вашите позитивни ставови и идеи и ве уверувам дека Индија отсекогаш била на страната на мирот. Кога ве послушав, почувствував оптимизам и се појавија надежи за иднината и сакам да ви се заблагодарам за тоа“, додаде индискиот премиер.
Путин го покани Моди на самитот на БРИКС во Казан во октомври.
Премиерот на Индија на 8 и 9 јули е во официјална посета на Русија. Ден претходно тој и Путин имаа неформален разговор во резиденцијата на рускиот лидер во Нови Огарево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривичен го отфрли предлогот за мерки за…
Судија на претходна постапка при Основниот Кривичен…
Во куќа во скопско Средно Коњари пронајдена…
На 26.12.2024 во 21.20 часот во СВР…
Се задолжуваме и во ЕУ и тоа…
Во Собранието е доставен Предлог-законот за задолжување…
„И вие да научите нешто“: Белградските студенти…
Студентите од белградските факултети се собраа пред…
ДУИ незадоволен од тоа што не е…
ДУИ е незадоволен од тоа што не…