Модриќ по триумфот удри по хејтерите: Ми се гади што зборат само за моите години!
Хрватскиот интернационалец, Лука Модриж (38), испиша историја по победата на Реал Мадрид на „Вембли“ против Борусија Дортмунд (2-0) во синоќешното финале од Лигата на шампионите (ЛШ), откако се изедначи со Пако Гент со најмногу трофеи во ова натпреварување – по шест.
Капитенот на Хрватска влезе во игра во 85. минута и дојде до 26. пехар во дресот на Реал, со што стана најтрофеен фудбалер во историјата на „кралевите“. Тој ги „прескокна“ Карим Бензема и Марсело, кои имаат помалку трофеи, додека актуелниот капитен Начо Фернандез е изедначен на првото место со Хрватот. Модриќ стана и најстариот играч кој некогаш играл за Реал во финалето на ЛШ, како и воопшто најстар играч на мадридскиот тим во елитата. Тој го собори овој рекорд во полуфиналето против Баерн, играјќи на 38 години и 234 дена со што го надмина Ференц Пушкаш.
Модриќ по историскиот триумф, Модриќ удри по луѓето кои зборуваат и пишуваат за него во само една конотација.
„Постојано велат ‘неговите години, неговите години, неговите години…’ и повеќе ми се гади од тоа. Се чувствувам многу добро. Нека мислат и кажуваат што сакаат, но физички и психички сè уште сум на највисоко ниво“, изјави хрватскиот репрезентативец.
Модриќ е и фудбалер со најмногу настапи во финалето на Лигата на шампионите откако игра во овој формат – шест, што досега им успеало само на Паоло Малдини и Кристијано Роналдо.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…
По добиена согласност од Министерството за финансии,…
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…