Можете да ги скриете телата, но не и вистината: Провокативна порака на Албин Курти
Косовскиот премиер Албин Курти реагираше на денешното воено прикажување на можностите на војската на Србија што се одржа во Батајница.
Тој на својот Твитер профил напиша дека наместо спомен обележје на местото на масовната гробница, Србија одржува воени вежби во Батајница.
„Во масовната гробница во Батајница беа скриени телата на 744 косовски Албанци, меѓу кои и 46 членови на семејството Бериша. Наместо споменик на воените жртви, Србија таму одржува воени вежби за „Денот на вооружените сили“. Телата може да се сокријат, но вистината не може да се закопа“, напиша тој.
Денеска во Батајница се одржа воен приказ на способностите наречена Гранит 2023, на која присуствуваа државниот врв на Србија и гости од Унгарија и Република Српска, премиерот на Унгарија Виктор Орбан и претседателот на Република Српска Милорад Додик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Н1: ПУКАЊЕ на границата меѓу Србија и…
Во петокот рано наутро дошло до пукање…
Мали: Србија е на прво место по…
Министерот за финансии на Србија, Синиша Мали…
ТРАГЕДИЈА: Познат српски спортист се удави за…
Познатиот српски кросфит спортист Лазар Ѓукиќ се…
Србија ги прати во Косово посмртните останки…
Автомобилот со посмртните останки на Фатон Хајризи,…
Вучиќ: Не ми паѓа на памет да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека…