МОЖЕТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ: Хамас ги објави деталите за договорот со Израел!

t

Хамас излезе со соопштение за договорот со Израел.

„По неколкудневни преговори, објавуваме, со помош и водство на Семоќниот Алах, постигнување договор за хуманитарно примирје (привремен прекин на огнот) во траење од четири дена. Овој резултат е потврда за упорните и за пофални напори на Катар и Египет“, се вели во него.

– Во соопштението за медиумите се набројани следните услови од договорот:

– прекин на огнот ширум Газа;

– Зголемен влез на камиони со хуманитарна и медицинска помош и гориво во сите делови на Појасот Газа;

– Ослободување на 50 заложници, израелски жени и деца помлади од 19 години, во замена за ослободување на 150 палестински жени и деца во израелските затвори;

– Нема израелски воздушен сообраќај во јужниот дел на Газа четири дена;

– Израелците немаат воздушен сообраќај во северниот дел на Газа шест часа дневно, од 10 до 16 часот;

– Слобода на движење за цивилите, особено по патот Салах ал Дин.

„Условите на овој договор беа формулирани со визија да му служиме на нашиот народ и да ја зајакнеме неговата непоколебливост пред агресијата, секогаш имајќи ги на ум жртвите, страдањата и грижите“, рече Хамас, а пренесува Скај њуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рокас без предвидување за извештајот на ЕП:…

Евроамбасадорот Михалис Рокас рече дека не може…

Просечната нето плата во април 45.452 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во…

Констатирани неправилности, Обвинители намерно и неоправдано направиле…

Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност на…

Путин како Мицкоски: Тектонски промени во глобалната…

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати на…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…