Може ли да заклучиме дека сѐ е театар?

t

Можеме ли да заклучиме дека сѐ е театар? – прашува Филип Петровски откако денеска во Собранието започна процесот на уставни измени.

-Денеска никој не протестираше против промена на Устав, а тнр. опозиција присуствуваше во Парламентот.

Може ли да заклучиме дека се е театар? – напиша Петровски на Фејсбук.

Со гласање на дневниот ред денеска започна процесот за измена и дополнување на Уставот на Република Македонија. На седницата во Собранието на РМ присуствуваа пратениците од сите политички партии. Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција во Владата истакна дека очекува сите пратеници, вклучително и сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ да ги поддржат уставните измени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ