Може ли Киев да ги ослободи борците од ,,Азовстал” ?

t

Украинските разузнавачки служби се во комуникација со заробените борци на фабриката за челик Азовстал, а Киев прави се што може за да обезбеди нивно ослободување, изјави доцна синоќа украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски.

„Преку нив (разузнавачките служби) дознаваме за условите на притвор, храната и можноста за нивно ослободување“, изјави Монастирски на украинската телевизија.

„Сите знаеме дека сите ќе бидат тука во Киев и правиме се што е можно за да го обезбедиме тоа“, додаде тој.

Русија во мај објави дека речиси 2.000 Украинци се предале по последната битка во урнатините на Мариупол, каде што со недели издржаа во бункери и тунели под огромната фабрика за челик Азовстал. Киев сака да дојде до своите борци преку размена на затвореници.

Некои високи руски пратеници побараа да им се суди на некои од војниците. Кремљ соопшти дека борците кои се предале ќе бидат третирани во согласност со меѓународните стандарди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Украина дозволи двојно државјанство за справување со…

Парламентот на Украина денес усвои нов закон…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Путин да се фокусира на мирот во…

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…