Може ќе обезбедат поевтина смрт за народот, да не се жалиме: Реакции по скандалозната изјава на Сали
По денешната изјава на министерот за здравство, Беким Сали, дека народот не би се жалел ако хемофилтрација во Жан Митрев чини 500 денари, не стивнуваат реакциите во јавноста.
Божидар Божиновски коментира дека можеби ќе обезбедат поевтина смрт за народот,
– “Да беше хемофлитрацијата 500 денари немаше да се жалите” – кој и да е министерот за здравство
Животот за властите е само финансиска трансакција, ништо нема човечки лик, само цена. Ако некој ти почине за 500 денари не е исто ако некој ти почине за 5000 евра. Може ќе обезбедат и поевтина смрт, за народот, за да не се буниме.
Ми текнува на тие корона времиња, апелите на семејствата кои немаа да платат за приватно лекување, собирањето средства за да им се помогне со надеж дека ќе преживеат. Многумина не преживеаа. И верувам никој не жали ни за парите што ги дал, ни за парите што ги донирал туку само за блиските кои повеќе ги нема, пишува Божиновски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Општините и училиштата нетранспарентно ги издаваат спортските…
Спортските објекти се издаваат на користење на…
Може ќе обезбедат поевтина смрт за народот,…
По денешната изјава на министерот за здравство,…
Да беше хемофилтрација во “Жан Митрев” 500…
Да беше хемофилтрацијата 500 денари, немаше да…
Сали: Се додека секојдневно добиваме бројки од…
Се додека секојдневно добиваме бројки од 80…