Објавено на:

Можна е средба Путин-Зеленски, открива шефот на руската преговарачка делегација

t

Шефот на руската делегација во преговорите со Украина, Владимир Медински, се обрати на медиумите по третата рунда разговори меѓу Русија и Украина. Според него, сите хуманитарни договори постигнати за време на втората рунда разговори се исполнети.

Тој додаде дека средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Володимир Зеленски мора да биде подготвена на соодветен начин. „Средбата на лидерите на Русија и Украина треба да стави крај на тоа“, рече Медински, нагласувајќи дека е потребно да се разработат условите на договорот за нивната средба.

Зборувајќи за спроведените договори, Медински истакна дека е спроведена втората размена на затвореници, без преседан по обем. Според него, Русија ѝ предложила на Украина да формира три работни групи кои ќе функционираат онлајн. Украинската страна ќе го разгледа овој предлог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин: Почнува сериското производство на ракетниот систем…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека…

Најчевска: Мицко нè турна кон Путин

Мицко нè турна кон Путин, искоментира на…

„ФАЈНЕНШЛ ТАЈМС“: Москва има план за напад…

Москва има детален план за напад на…

Зеленски: Континуираната финансиска поддршка од ЕУ ќе…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…

Зеленски го повика Западот на обединет фронт…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Давос…