Можно е да се одложи Коридор 8 до 2036 година?
Заменик директорот во заминување на ЈП „Државни патишта“, Назим Таипи вчера истакна дека доколку се продолжи со исто темпо, интензитет и буџет доделен оваа година, Коридорот 8 нема да биде завршен во предвидениот рок до крајот на 2028 година, туку ќе бидат потребни уште 7-8 години.
Тој вели дека интензивно се работи на трасите Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани и дека се постигнати добри резултати во експропријациите. Сепак, се сомнева на занемарување на трасата Требениште-Ќафасан, за кој рече дека е на нулта точка, бидејќи сè уште нема проект каде ќе поминува трасата.
„Точно е дека има критики од УНЕСКО, но наша должност е да најдеме решение, бидејќи не можеме да го оставиме и да го занемариме бидејќи ова одзема премногу време. Треба да најдеме решение и мора да постои волја што побрзо да се движат процесите напред и што побрзо да се најде решение“, изјави Таипи за ТВ21.
Според Таипи, работите на проектот за патот Тетово-Призрен се исто така на почетна точка. Досега постои само меморандум меѓу двете држави и формирана е работна група, но како што додава тој, работите одат многу бавно, па затоа не треба да се очекува да се заврши за 4 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…