Моментално во светот гладуваат 345 милиони луѓе!
Бројот на луѓе кои се соочуваат со недостиг на храна ширум светот е повеќе од двојно зголемен на 345 милиони од 2019 година, во главно поради пандемијата на ковид-19, конфликтот во Украина и климатските промени, објави Светската програма за храна (WFP).
Пред кризата со коронавирусот, 135 милиони ширум светот се соочувале со недостиг на храна, рече Корин Флејшер, регионален директор на ВФП. Бројките се зголемија оттогаш и се очекува да продолжат да се зголемуваат поради климатските промени и конфликтите.
Влијанието на еколошките предизвици е уште еден дестабилизирачки фактор што може да предизвика недостиг на храна и да доведе до конфликти и масовна миграција.
„Светот едноставно не може да си го дозволи ова“, рече Флејшер. „Сега гледаме 10 пати повеќе раселување ширум светот поради климатските промени и конфликтите и секако дека е меѓусебно поврзано. Затоа, навистина сме загрижени за комбинираниот ефект на Ковид, климатските промени и војната во Украина“, рече таа.
На Блискиот Исток и Северна Африка, влијанието на украинската криза е огромно, рече Флејшер, нагласувајќи ја и увозната зависност на регионот и неговата близина до Црното Море.
„Јемен увезува 90 отсто од потребите за храна. А околу 30 отсто од регионот на Црното Море“, рече Флејшер.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Моментално во светот гладуваат 345 милиони луѓе!
Бројот на луѓе кои се соочуваат со…
Милиони луѓе ќе останат без основни потреби,…
Дали ни доаѓа глобална рецесија? Расте стравот…
Предупредување од ОН: Украинската криза ќе предизвика…
Се предвидува дека бројот на луѓе во…
Речиси четвртина од светот ќе гладува доколку…
„Речиси четвртина од светот“ може да гладува…
ПОРАЗИТЕЛНО: Најмалку 1900 деца помали од пет…
Најмалку 1.900 деца помлади од пет години…