Моментално на територијата на Украина има околу 700.000 руски војници

t

Според податоците на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина (ГУР), на територијата на Украина моментално има околу 700.000 руски војници. Поголемиот дел од руските војници се концентрирани во регионот Донецк, што укажува на главниот приоритет на Кремљ, изјави претставникот на Главната дирекција за разузнавање на Министерството за одбрана на Украина, Андриј Јусов, во интервју за порталот Новини.

Тој истакна дека оваа бројка не ги вклучува само редовните војници, туку и силите за поддршка, специјалните служби и Руската национална гарда. Претставникот на ГУР нагласи дека севернокорејските војници кои учествуваат во украинскиот конфликт се борат само на руска територија. Фактот дека Северна Кореја ги испратила своите војници да се борат против Украина стана познат минатата есен, а во тоа време се зборуваше за бројка од 12.000 војници, според украинскиот портал.

Оваа пролет, јужнокорејското разузнавање објави дека нова група од 3.000 војници ја напуштила Северна Кореја за Русија. Според британските разузнавачки служби, од март оваа година, севернокорејските трупи претрпеле повеќе од 5.000 жртви во битките против украинските сили во Курската област на Руската Федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Моментално на територијата на Украина има околу…

Според податоците на Главната дирекција за разузнавање…

ЕК го поздравува ставот на Путин дека…

Претставничката на Европската комисија, Паула Пињо, ја…

Путин: Не гледам поента во средба со…

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека…

Зеленски: Во Украина ќе бидат распоредени илјадници…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, по денешната…

Путин: Евентуални странски трупи во Украина би…

Русија ќе ги смета сите странски трупи…