Момче на 13 и девојче на 12 години се венчаа во Црна Гора

t

Од почетокот на оваа година склучени се 11 детски бракови меѓу припадници на ромската заедница во Црна Гора, а најмладите жртви на договорените бракови се дванаесетгодишно девојче и едногодишно момче, покажуваат податоците на Центарот за ромски иницијативи, пренесува Телеграф.рс.

Фана Делија од Центарот за ромски иницијативи вели дека се потешко е да се откријат договорените детски бракови, дека сторители на ова дело се родителите, кои главно минуваат неказнето.

РЕ заедницата во Црна Гора се соочува со бројни проблеми, но најитните се детските бракови, семејното насилство и сиромаштијата.

„Од почетокот на годината идентификувавме единаесет договорени детски бракови. Приближно секоја година од 10 до 18 случаи ние како организација идентификуваме и обработуваме според надлежните институции“, вели Делија.

Договорените бракови сè потешко се откриваат, бидејќи родителите се свесни за опасностите и вешто ги кријат информациите.

За жал, имаме проблем што секоја година се зголемува бројот на малолетни бремености, што укажува дека договорените детски бракови останале исти бидејќи немаме системско решение“, потенцира Делија, а пренесува порталот РТЦГ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хорор во Македонија: Родители си го продале…

По спроведената истражна постапка предметниот јавен обвинител…

Во бракот има три клучни зборови според…

Со цел да ги охрабри брачните двојки,…