Монструозен случај во градинка во Гази Баба: Поради политика малтретирано мало дете – секојдневно со солзи си оди дома од градинка

t

Македонското општество е деградирано по секоја основа, а политиката е главната причина за оваа дегенерација.

Кога почнав да се занимавам со политика веројатно не можев да замислам дека ќе дојде ден кога ќе пишувам за политички реваншизам врз пет годишно дете.

По допрен глас од страна на родител, пријавува дека жртва на тортура е и нејзиниот пет годишен син кој психички е малтретиран, се вршела директна дискриминација од страна на вработена воспитувачка во градинката Детска Радост во општина Гази Баба, спротивно на законите.

Наместо безбедно катче и втор дом, градинката за синчето на родителот кое има само пет години е место каде што тој е понижуван, омаловажуван и непотребно „дисциплиниран“ за што е поднесена соодветна пријава до сите надлежни институции.

Секојдневно детето е бркано од занималната, а има сведоци дека е психички дисциплнирано од страна на воспитувачката со цел да се наштети на детето, да биде етикетирано како најнемирно дете пред неговите родители и останатите родители и вработени во градинката.

Се сведочи на забранување да оди со останатите деца во дворот на градинката, додека тие играле, детето ги гледало низ прозорецот и плачело.

За сите овие дејствија има директни сведоци на случките со пет годишниот син на родителот кој пријави.
Покрената е дисциплинска постапка од дисциплинската комисија во градинката, каде стручни лица се членови и пријавено е до останати надлежни органи.

Не сакам да верувам дека станува збор за штитење од страна на надлежните кон засегнатите по принципот „нашите“се на власт и никој не превзема ништо во однос на овој случај односно истиот го игнорираат.

Имено, вработените од градинката ја заштитуваат својата колешка за да не се злогласи нивната образовна институција, а институциите се слепи на бркањето, оставање без надзор на 5 годишно дете и неговата дискриминација. Имаме сознанија дека и управниот одбор е вмешан, каде претседателката е сестра на секретар на општина Гази Баба.
Ова што се случува е монструозно, забегано и психопатско!

Наша должност е да го кренеме гласот затоа што ова што му се случува на дете од 5 години, утре може да му се случи на нашето дете доколку се спротивставите на режимот.

Солзите на мајката и нејзиното малечко нека бидат почетокот на крајот на овие монструми на власт.

Очајно е потребна одговорност за секое едно прашање во општина Гази Баба, подавам рака секому, заеднички да ставиме крај на ова инструирано дивеење.

Пишува: Влатко Неделковски од ЛДП

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Севернизација“ во Собранието: Од 41 закон се…

Владата и министерствата ја бетонираат „северна“. До…

Пожар изби во Ајфеловата кула во Париз,…

Во тек е евакуација на Ајфеловата кула…

Кривична пријава за даночно затајување за сопственик…

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава…

Кривичен ја одби жалбата за притвор на…

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје…

Владата со препорака Службен весник да ја…

Транспарентна влада е силна влада! Еден значаен…