МОН ги остави студентите без оброк и стипендии

Иако МОН им ветија на студентите дека најдоцна до 31.01.2023 година на студентите ќе им ги исплатат средствата за студентски оброк со задоцнување од 30 – тина дена, сепак денеска илјадници студенти повторно останаа без средствата кои им следуваат за да го остварат правото на студентски субвенциониран оброк, а веќе утре треба да почне исплатата на студентскиот оброк за месец Јануари, велат од Левица на Фејсбук.
Покрај неисплатата на студентски субвенциониран оброк, исто така МОН со месеци доцни и со исплатата на студентските стипендии. Во услови на тешка економска криза, едни од најранливите категории – студентите, се оставени на немилост од страна на неспособното Министерство за образование и наука, со кое раководи ДУИ.
И покрај тоа што студентскиот стандард на студентите е катастрофален, земајќи ја во обзир и ситуацијата во студентските домови, каде што се’ уште условите се мизерни, антикризните мерки не се укинати, а реновирањето воопшто не е започнато, сега студентите практично се соочени со да останат без стандард воопшто.
Со ова уште еднаш се докажува фактот дека криминалното ДУИ остава пустош во секој ресор и секоја сфера со која раководи. Одговорност и оставка е нешто најмалку што може да направи министерот Јетон Шаќири.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Студентското собрание при УКИМ се извини за…
Во објавата на официјалниот фејсбук-профил на УСС…
МОН: Семејствата на повредените кои се наоѓаат…
Министерството за образование и наука информира дека…
Факели, овации и огномет за студентите: Пристигнаа…
Граѓаните се собраа во центарот на српскиот…
„Вие сте одговорни, од вас зависи“ порачаа…
Пред Министерството за образование на Србија се…
МОН дава финансиска поддршка за студирање на…
Студентите кои ќе се запишат на додипломски,…